За Мицкоски растот на градежништвото охрабрува, очекува позитивно влијание врз БДП

Макфакс

20/08/2026

12:10

136

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека градежништвото бележи значителен раст од над 30% во издадени одобренија, што се очекува да има позитивно влијание врз економскиот раст и бруто-домашниот производ на Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење.

„Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30% во делот на издадени одобренија за градење. Но, исто така, она коешто нас посебно нѐ охрабрува е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото, којашто исто така е над 30% споредено со истиот период од минатата година. Еден од двигателите на економскиот развој е градежништвото и очекувам да има сериозно позитивен импакт, сериозно позитивно влијание врз растот на бруто-домашниот производ на државата.“