Меси ја измеша одбраната на Филаделфија и му го посвети голот на својот татко

Дерби

20/08/2026

09:52

250

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами повторно не успеа да стигне до победа во МЛС, но одбраната на Филаделфија немаше одбрана за Лионел Меси во 26. минута од натпреварот.

Аргентинецот во тие моменти донесе предност за гостите од 2:1, но Јунион до крајот успеа да постигне втор гол и да се избори за реми против актуелниот шампион.

Ова беше прв гол за Меси по смртта на неговиот татко, а иако не веднаш, медиумите го забележаа моментот кога скромниот Аргентинец го посвети голот на починатиот Хорхе.