Ред Бул го отвори денот со триумфална вест поврзана со Ферстапен

Дерби

20/08/2026

10:26

195

Големина на фонт

а а а

Формула 1 фановите се подготвуваат за првата трка по традиционалната летна пауза, а возбудувањата во Холандија добија одлична увертира со информацијата која утринава ја објави Ред Бул.

По многу шпекулации и секакви прогнози за иднината на Макс Ферстапен, Ред Бул денеска потврди дека Макс не планира да го менува тимот и потпишал договор до 2030 година.

Ред Бул подготви специјално видео за да ја објави информацијата на креативен начин, но најважно од се за фановите е дека со овој потег барем одреден период ќе бидат елиминирани шпекулациите дека Ферстапен ќе се пресели во Мерцедес, Мекларен или некој друг конкурент.

– Навистина сум задоволен од продолжувањето на договорот. Ги имаме најдобрите луѓе во тимот и возбуден сум што ќе продолжам да работам заедно со сите за повторно да се вратиме на врвот, – истакнал Ферстапен во дел од својата изјава објавена од Ред Бул.

Последните шпекулации беа дека Ферстапен почнал преговори со Мекларен за да направи трансфер уште за следната сезона, но сега четирикратниот светски шампион реши сепак да го продолжи својот престој во Ред Бул.

Во досегашниот тек на сезоната, Ферстапен е на шестото место во генералниот пласман и заостанува 110 поени зад лидерот Кими Антонели.