Луис Енрике: Осум години играв на „Камп Ноу“, но еден меч се издвојува од сите останати

Дерби

20/08/2026

09:49

250

Големина на фонт

а а а

Натпреварот кој се одигра на 21-ви октомври 2000-та година беше еден од најтензичните во историјата на „Ел Класико“ пресметките, бидејќи истиот пристигна само неколку месеци по фамозниот и предавнички трансфер на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид.

Споменатиот меч меѓу лутите ривали најмногу се памети по свинската глава која беше фрлена на теренот од страна на фановите на Барселона, но Луис Енрике го памети овој натпревар како оној на кој ја доживеал убедливо најдобрата атмосфера на „Камп Ноу“.

Сегашниот тренер на ПСЖ има добри спомени од натпреварот против Реал бидејќи постигна еден гол во победата од 2:0, а како што открива самиот, тој ден за играчите на Барселона едноставно не постоела опцијата да се загуби мечот.

– „Камп Ноу“ импресионира и секогаш ќе импресионира. Овој стадион импресионира кога е празен, но најдобриот спомен го имам од 2000-та година. Осум години играв за првиот тим, а натпреварот на кој ја доживеав најдобрата атмосфера на „Камп Ноу“ е оној кога за првпат се врати Фиго. Тој ни беше како брат, вистински брат и наш најдобар играч, но тој замина во Реал Мадрид.

– Обично на еден час пред натпреварот, трибините се празни, одите да се загреете и има малку луѓе. Тој ден, стадионот беше полн и пред превртување на 45 минути пред стартот на мечот. Не можев да ги слушам своите соиграчи додека се загревавме. Се сеќавам дека го коментиравме тоа со Абелардо и Гвардиола, си рековме дека нема шанси да го загубиме тој натпревар, беше сеедно кој ќе игра од спротивната страна. Имаше енергија која изгледаше застрашувачка, – се потсетува Луис Енрике во документарецот посветен на „Камп Ноу“ кој се емитува на Мовистар плус.