Кансело извиси на промоцијата на „Камп Ноу“, па не криеше дека е лут пред соиграчите

Дерби

20/08/2026

09:45

217

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Барселона вчера имаа одлична можност да играат пред своите навивачи во рамките на трофејот „Жоан Гампер“, а дуелот со Ал Ахли беше искористен и за промоција на екипата и пред се засилувањата.

Родри доби овации од фановите како големо освежување во тимот на Ханси Флик, но вечерта донесе фрустрации за подеднакво искусниот Жоао Кансело.

Иако беше подготвен да добие заслужен аплауз од фановите во дресот на Барса, на повратникот во каталонскиот гигант во последен момент му било соопштено дека не може да учествува на промоцијата.

Поради бирократки причини, неговиот трансфер од Ал Хилал сè уште не е официјализиран и тоа ќе се случи веројатно денеска, а Португалецот не криеше дека е незадоволен пред соиграчите во тунелот.