СКОПСКО со нов изглед, но нешто големо се подготвува во Дебар Маало

Точка

19/08/2026

13:18

306

Големина на фонт

а а а

На 20 август, срцето на Дебар Маало ќе има нова причина за наздравување! СКОПСКО подготвува нешто поинакво – нов изглед, нова енергија и големо урбано дружење кое ќе ги спои луѓето, уметноста и музиката.

Што точно се подготвува? Засега, велат, доволно е да се знае дека на аголот помеѓу „Бафо“ и „Наџак“ ќе се случува нешто што не се пропушта.

Посетителите меѓу првите ќе можат да го откријат освежениот изглед на СКОПСКО, но тоа е само дел од изненадувањето. Просторот ќе добие и свој нов визуелен печат – уникатен Скопско мурал, создаден од македонскиот уметник Драш, кој ќе остане како траен потсетник на добрата енергија и дружбите што го прават градот жив.

А за оние што ќе бидат таму, ќе има уште една причина да останат малку подолго. Специјална пивска фонтана ќе понуди ограничени количини СКОПСКО, додека дружењето ќе продолжи низ локалите во околината со промотивни цени.

И токму кога ќе помислите дека знаете што следува – организаторите најавуваат и специјално музичко изненадување.

Едно е сигурно: на 20 август, Дебар Маало нема да биде само место за излегување. Ќе биде местото каде што СКОПСКО ќе го открие својот нов изглед – и ќе покаже дека некои работи можат да се освежат, без да се промени она што најмногу ги поврзува луѓето.

20 август. Дебар Маало. Аголот кај „Бафо“ и „Нацак“.

Доаѓате да видите што се крие зад новиот изглед?