Една мајка од Луизијана била воодушевена од начинот на кој нејзината четиригодишна ќерка ги спарува чорапите, а откако ја споделила нејзината техника на ТикТок, видеото стана вирално.
Многу родители, но и други корисници, го прогласиле девојчето за „генијалец“ поради едноставното и практично решение за една од поздодевните домашни обврски.
Кејти Скилс објавила видео од својата ќерка со опис: „ПОВ: Твојата четиригодишна ќерка ти помага да ги сортираш алиштата и ти покажува како ги спарува чорапите“.
На снимката, девојчето најпрво облекува еден чист чорап на стапалото, а потоа врз него го облекува и другиот чорап од парот. Потоа со двете раце ги фаќа рабовите на чорапите, заедно ги соблекува од стапалото и ги витка во уредно топче, подготвено за во фиока.
„Можеби таа навистина е генијалец“, додала мајката во објавата.
Видеото предизвика стотици коментари, а многумина ја пофалиле снаодливоста на девојчето. Еден корисник истакнал уште една предност на овој метод: „Патем, веднаш проверува дали има дупки“.
Трикот би можел да им биде корисен и на возрасните. „Јас сум лице со попреченост и тешко ми е да ги диплам алиштата… Ќе го користам ова. Купи ѝ пилешки нагетси во мое име“, напишал друг корисник.
Многу родители рекле дека ќе им го покажат овој метод на своите деца.
„Веднаш го зачувувам ова видео за да ѝ го покажам на мојата малечка кога ќе се врати од парк! Ова менува сè!“, стои во еден од коментарите.
„Мразам кога децата се попаметни од мене“, напишал друг корисник.









