Карлес Пујол проговори за најновите актуелности во шпанскиот фудбал и низата операции кои се случија ова лето, од кои две посебно се издвојуваат поради педигрето и прикажаниот квалитет.
Жозе Мурињо за многумина е засилување број еден за Реал Мадрид оваа сезона без оглед на шесте звучни засилувања, додека Барселона вчера го претстави Родри како супер аквизиција од која треба да профитираат сите играчи во тимот на Ханси Флик.
Пујол како легендарен капитен на Барса смета дека оваа сезона ќе биде уште повозбудливаа од онаа минатата, па воедно и предупредува дека Реал Мадрид ќе биде посилен со Мурињо како предводник на тимот.
– Мурињо е голем тренер и добро го познавам. Го запознав во времето кога беше во Барселона, а јас тогаш бев во младинската школа и се приклучив на првиот тим. Уште тогаш се гледаше дека разбира многу за фудбалот, а потоа изгради извонредно си-ви и заврши во Мадрид. Се сеќавам на големото ривалство кое го имавме со неговиот Реал, а останува да видиме како ќе му оди сега после толку години.
– Сè уште сметам дека Барселона има многу добар тим и дека ќе има добра сезона, но треба да се нагласи дека Реал оваа година ќе биде посилен со Мурињо.
– Од друга страна, Родри е многу добра вест за Барселона, зборуваме за еден од најдобрите играчи за врска во светот. Имав среќа да го гледам во живо во финалето на Светското првенство и навистина многу ми се допаѓа. Дава баланс на тимот, го диктира темпото и извонредно се вклопува во филозофијата на Барса. Тоа го покажа низ годините со игрите за Сити и шпанската репрезентација. Очекувам да му помогне многу на тимот, игра на клучна позиција во средниот ред и со него Барселона ќе биде уште посилна, – потенцира Пујол.








