Нов скандал во тенисот: Кирјос суспендиран на неодредено време поради позитивен тест на кокаин!

Дерби

19/08/2026

12:08

206

Големина на фонт

а а а

Ник Кирјос долго време беше најголем критичар на Јаник Синер во периодот кога доби само тримесечна суспензија поради допинг, но како што стојат работите, сега и самиот се најде во деликатна ситуација откако на последниот тест бил позитивен на недозволена супстанца.

Австралиецот кој долго време се мачи се повреди, сега нема да може да игра тенис и поради административни причини, а тоа е привремената забрана која му ја изречена поради позитивен тест за кокаин.

Кирјос имал позитивен примерок на кокаин за време на турнирот во Мајорка кој се играше во месец јуни, па поради оваа престапка, суспензијата на Ник е активирана од 4-ти август.

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот соопшти дека Кирјос може да се жали на привремената суспензија, но досега тенисерот не го направил тоа и очигледно нема ни да дојде до такво нешто.

Кирјос во објава на социјалните мрежи нагласи дека направил голена грешка и ја презема одговорноста за позитивниот тест, а додека не се изрече точна суспензија за тоа колку долго ќе биде надвор од тенисот, забрането му е учество и било какво приближување до тениски терен во било каква улога.