Микел Артета се најде во ситуација да има голем број решение во средниот ред, па кога во тимот го придодаде и Бруно Гимараеш од Њукасл, јасно е дека некој ќе мора да си замине до крајот на летниот преоден рок.
Самиот менаџер на Арсенал најави дека неколку фудбалери ќе си одат до крајот на овој месец, а најдобра почетна сума има продуктот од младинската школа, Мајлс Луис-Скели.
Левиот бек кој одлично се докажа и како дефанзивен играч за врска е достапен на трансфер пазарот и Арсенал чека понуди за него, ситуација која го натера Вејн Руни да испрати ургентна реакција до Мајкл Карик и оперативците на Манчестер Јунајтед.
– Јунајтед не може да се потпре само на Лук Шо, тој не може да биде константен цела сезона и затоа сметам дека мора да се мисли на Луис-Скели. Слушаме дека може да биде достапен за околу 45 милиони фунти, тоа не се многу пари во денешниот фудбал и мислам дека не треба да се чека.
– Ако можете да добиете играч кој може да одговори како лев бек и како централен играч за врска, тоа е апсолутно извонредно. Тој е млад и има одлична иднина пред себе, а откако Арсенал потроши многу пари, сфаќам зошто би сакале да заработат од него. Јунајтед мора да добие нов лев бек, тоа е приоритет, а Луис-Скели е најдобра опција, – вели Руни.








