Со возило излетал од булевар во Тетово и прегазил 67-годишник: Мажот со тешки повреди пренесен во болница

Макфакс

18/08/2026

14:50

129

Големина на фонт

а а а

Во Тетово се случи сообраќајна несреќа кога возило управувано од млад возач излета од булевар и прегази 67-годишник кој извршувал работни задачи. Засега има тешко повреден и повредени возач и сопатник, а увидната екипа на полицијата извршува увид.

Сообраќајна несреќа во Тетово

Вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.И.(19) од село Слатино, констатирани во болницата во Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.