Девет лица од село Батинци се приведени поради меѓусебно фрлање камења, при што е оштетено полициско возило, а ќе следи и кривична пријава за насилство.
Вчера во село Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од село Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камени, при што било оштетено и полициско возило.
По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.








