Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата на 18 август, каде изрази благодарност за професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата и истакна важноста на инвестициите во безбедноста како столб на демократијата и стабилноста.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август.

Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните.

„Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната стабилност. Во регион кој многу добро ги познава последиците од конфликтите, безбедноста се гради преку одговорна сила, соработка и доверба. Како членка на НАТО, Република Северна Македонија не придонесува само за сопствената безбедност, туку и за безбедноста на сојузниците и за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Затоа, инвестирањето во Армијата е инвестиција во демократијата, мирот и посигурната европска иднина на регионот“, истакна претседателот Гаши.

На манифестацијата, на претседателот на Собранието, Гаши, му беше доделена и Големата плакета на Армијата од страна на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски.












