Уапсен 24-годишник во Кисела Вода: Физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга

Макфакс

18/08/2026

14:50

144

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници во Кисела Вода уапсија 24-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата 22-годишна бремена сопруга. Случајот е во тек на расчистување и понатаму ќе следува соодветна постапка.

Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот М.С., постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.