Во рудникот „Суводол“ е пронајдена артилериска граната калибар 125 мм од Првата светска војна, којашто била безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Вчера во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, 50-годишниот Љ.М. од село Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна.








