Во Скопје е пријавен случај на обљуба врз 14-годишно девојче од страна на 25-годишник, по што полицијата започна кривична постапка за полов напад врз дете.
Денеска во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 25-годишниот А.С. од Скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска.
По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 од Кривичниот законик.








