Барселона му продаде голем талент на Ајакс во истиот ден во кој ги потврди Родри и Кансело

Дерби

18/08/2026

11:29

167

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Барселона вчера имаа задоволство да го проследат пристигнувањето на Родри и Жоао Кансело, двајца фудбалери кои од различен аспект имаат голема важност за екипата и тренерот Ханси Флик.

Кансело конечно ја заврши етапата во Саудиска Арабија и потпиша договор со Барса, екипа за која настапуваше и минатата сезона како позајмен играч, додека Родри е големо засилување од редовите на Манчестер Сити.

Иако во сенка на позитивните вести, медиумите не заборавија да пренесат дека истиот ден Барса се откажала од еден од своите талентирани играчи кои досега беше во првиот тим, но за него немаше простор за докажување во силната конкуренција.

Жофре Торентс на 19-годишна возраст се пресели во Ајакс, каде сигурно ќе добие посериозна шанса да ги докаже своите квалитети, а со холандскиот тим потпишал договор до 2030 година.

Шпанскиот шампион ќе добие околу 6 милиони евра за трансферот, а ќе задржи и одреден процент при неговиот следен трансфер.