Интер ја освои шампионската титула во Серија А под водство на Кристијан Киву, а тој успех донесе дополнителен ентузијазам кај фудбалерите, стручниот штаб и фановите.
„Нероазурите“ дополнително го засилија тимот во овој преоден рок, додека истовремено ги задржаа и најголемите ѕвезди, а Хакан Чалханоглу посакува неговиот тим да воспостави доминација на „чизмата“.
– Сакаме повторно да го освоиме Скудетото и да доминираме на италијанската фудбалска сцена.
– По се она што се случуваше претходната година (заминувањето на Инѕаги), сите мислеа дека сме мртви. Но, тимот покажува неверојатен менталитет и одговоривме на теренот, – рекол турскиот репрезентативец.
Чалханоглу направил и споредба меѓу претходниот тренер Инѕаги и актуелниот Киву.
– Не можам да кажам ништо лошо за Инѕаги, напредував многу под негово водство. Но, за разлика од него, Киву е позаинтересиран за секој од нас како личност, – вели еден од најискусните играчи во редовите на италијанскиот првак.








