Кањизарес со интересен став: Родри не дојде во Реал поради една „грешка“

Дерби

18/08/2026

11:19

130

Големина на фонт

а а а

Барселона го доби потписот на Родри, односно само рутинските прегледи го делат шпанскиот шампион од официјална промоција на најдобриот играч на последниот мундијал, а дел од шпанската стручна јавност има интересен став околу причините за изборот на својот следен клуб од страна на фудбалерот.

Фановите очекуваа дека Реал Мадрид нема да ја пропушти можноста да го доведе Родри, посебно кога на Жозе Мурињо навистина му е потребен таков фудбалер, за на крајот самиот играч да ја преферира солуцијата Барселона.

Поранешниот голман Сантијаго Кањизарес не е убеден дека Реал го испуштил Родри, туку Флорентино Перез намерно не го ангажирал шпанскиот репрезентативец.

Според неговата верзија, досегашниот играч на Манчестер Сити имал договор со бизнисменот Енрике Рикелме да дојде во Реал ако тој ги добие изборите во конкуренција на Перез, а победникот на изборите го дознал тоа и не го заборавил.

– Единствената причина што Родри не е во Реал е што имаше договор со кандидатот кој ги загуби претседателските избори.

– Знаеме каков е Флорентино Перез, – рекол Кањизарес.