Пол Сколс се вклучи во серијата прогнози на познатите стручни коментатори за изгледот на завршната табела во Премиер лигата, а не понуди изненадување околу очекувањата за шампионот.
Легендата на Манчестер Јунајтед смета дека Арсенал е пресилен за останатите и ќе го одбрани трофејот, додека не очекува Ливерпул да избори ниту Топ 4 пласман.
– Арсенал делува пресилно и мислам дека повторно ќе стигнат до титулата.
– Сити веројатно ќе биде втор, Челси можеше да се бори за ова место но му недостасува квалитетен голман. Ако бев на нивно место ќе тргнев по голманот на Астон Вила (Еми Мартинез). Знам дека Јувентус се повлече од трката за неговиот потпис, но тој би бил одличен за Челси.
– Сепак во моментов би одел со Манчестер Јунајтед на третото место, а зад нив Челси. Мислам дека Јунајтед има уште многу работа пред себе за подобра позиција. Мислам дека средниот ред не е доволно добар, а не сум сигурен и колку пари имаат за трошење. Јунајтед секогаш последните години бил напаѓан преку средината бидејќи го нема тоа физичко присуство кое е потребно. Го доведоа Сантош од Челси, но мислам дека тој не е таков тип фудбалер, – рекол Сколс.
Табела според Сколс:
1. Арсенал
2. Манчестер Сити
3. Манчестер Јунајтед
4. Челси
5. Ливерпул
6. Тотенхем








