Аманда Анисимова е тенисерка која припаѓа на светската тениска елита, а периодов се обидува да ја врати препознатливата форма откако се врати по паузата поради повреда.
На Вимблдон, американската тенисерка ја совлада нашата гордост Лина Ѓорческа во првото коло на турнирот, подоцна не успеа да стигне до завршницата на грен-слем турнирот, а сега повторно е актуелна поради потегот кој го направи на меч во Синсинати.
За време на една од паузите меѓу гејмовите, Анисимова извади мистериозен пијалок кој отвори сериозна дебата меѓу коментаторите и фановите.
Се појавија различни варијанти и претпоставки, се споменуваат енергетски пијалоци и сајдери, но најпроширена е таа дека Анисимова навистина пиела пиво, што е навистина нешто што ретко се гледа во елитниот тенис.
Que bien entra una cervecita entre juego y juego. Que se lo digan a Anisimova si no. pic.twitter.com/nwL2wKHwMZ
— WestApuesta 🚀 (@AdrianLipe) August 18, 2026
Со помош на мистериозниот пијалок, Анисимова направи пресврт на дуелот со Ила и си обезбеди осминафинале во Синсинати.








