Нов пресврт: Мемфис сепак доби нов договор од Коринтијанс

Дерби

18/08/2026

10:56

94

Големина на фонт

а а а

Мемфис Депај реагираше жестоко откако Коринтијанс објави дека нема да му го продолжи договорот, но неколку дена подоцна, бразилскиот клуб сепак го смени својот став.

Целата драма започна откако сите во бразилската јавност, па и холандскиот фудбалер беа убедени дека тој останува во Коринтијанс, а такво нешто му било најавено и од клубот.

Но, раководството направи целосен пресврт во својот став и објави дека поради деликатната финансиска ситуација, нема да биде продолжена соработката со Депај.

Холанѓанецот реагираше жестоко поради промената на ставот, за неколку дена подоцна да биде постигнат договор за продолжување на соработката.

Самиот фудбалер направил отстапки во однос на долгот кој Коринтијанс го има кон него, а вкупната сума која ќе му биде исплатена заедно со платите за наредните две години е 22 милиони евра.