Ѕвезда на Барса избра нов број и му ја отстапи „16-та“ на Родри

Дерби

18/08/2026

10:54

107

Големина на фонт

а а а

Долго најавуваниот трансфер на Родри во Барселона е пред сама официјализација, откако искусниот играч за врска вчера пристигна во Каталонија и во текот на денешниот ден треба да ги комплетира сите формалности пред потписот.

МВП играчот од Светското првенство и даде предност на Барселона пред Реал Мадрид и само поради тоа веќе им ги освои срцата на фановите во Каталонија, а дека сите во клубот се свесни каква ѕвезда доаѓа, најдобро говори и потегот кој го режираше Фермин Лопез.

Офанзивниот играч за врска остави тешко лето зад себе поради тоа што повреда го остави без настап на Светско првенство, но во период кога веќе ги остава проблемите во втор план, реши новата сезона да ја почне со нов број.

Фермин одлучи да ја наследи „7-та“ која остана празна по заминувањето на Феран Торес, а автоматски со тоа ги расчисти дилемите околу пристигнувањето на Родри.

Лопез навреме му ја отстапи „16-та“ на Родри, па новото засилување нема да има потреба да доставува барање за да му биде отстапена омилената бројка.