Вечерва ќе биде спроведена 13 дезинсекција против комарци во Скопје

Макфакс

18/08/2026

10:30

151

Големина на фонт

а а а

Градот Скопје продолжува со континуирана дезинсекција против комарци во текот на летната сезона, со цел намалување на нивната бројност и заштита на јавното здравје. Вечерва ќе се изведе 13-та дезинсекција, а во текот на август следуваат дополнителни третмани, вклучувајќи и авионска дезинсекција.

Градот Скопје соопшти дека продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.

Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци.

Активности и термини

„Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци“, соопшти Град Скопје.

Додаваат дека сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.

Од Град Скопје ги посочија сите термини на кои досега е извршена дезинсекција.

„Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци.

Дезинсекција против ларви:

7 мај – авионска дезинсекција
11 јуни – авионска дезинсекција
26 јуни – теренска дезинсекција
10 јули – авионска дезинсекција
23 јули – теренска дезинсекција
11 август – теренска дезинсекција

Дезинсекција против возрасни форми на комарци:

1 и 2 јуни – авионска дезинсекција
18 и 20 јуни – теренска дезинсекција
27 и 28 јуни – авионска дезинсекција
13 и 15 јули – теренска дезинсекција
30 и 31 јули – авионска дезинсекција
4 и 6 август – теренска дезинсекција

Од Градот Скопје напоменуваат дека до крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно еднапред утврдена динамика.

„Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните“, се наведува во соопштението.