Утре нестабилно со пороен дожд, од четврток топлотен бран со температури над 40 степени

Макфакс

17/08/2026

12:30

359

Големина на фонт

а а а

Управата за хидрометеоролошки работи најавува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи утре, проследена со топлотен бран од четврток, кога температурите ќе надминат 40 степени.

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда се очекува, претежно во планинските региони, да има услови за појава на нестабилност.

Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени, соопшти УХМР.