Бруно Фернандеш не планира да го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на овој преоден рок, клубот исто така не помислува на продажба, но морал експресно да реагира по атрактивната понуда која Португалецот ја добил од Галатасарај.
Турскиот клуб бил подготвен да плати 50 милиони евра за Бруно и до неговите агенти испратил информација дека актуелниот капитен на „црвените ѓаволи“ би заработувал 20 милиони евра по сезона.
Иако Галатасарај не испратил формална понуда бидејќи индиректно добил информација за решителноста на Јунајтед да го задржи Бруно, потегот на Турците го забрзал процесот на преговори меѓу агентите на Португалецот и премиерлигашот.
Оваа сезона е последна во договорот на Фернандеш со Јунајтед и клубот ризикува да го загуби без отштета по крајот на истата, но сега ќе се обиде што поскоро да елиминира можност за драматична ситуација и да ја исполни желбата на фановите.
Како што пренесе „Би-Би-Си“, начинот на кој Бруно бил пречекан од фановите на пријателскиот натпревар во Даблин бил уште еден сериозен знак за управата дека не смее да си игра со статусот со фудбалерот кој минатата сезона го собори рекордот на реализирани асистенции.







