Обвинителите истражуваат што се случило во базенот, лекарите со прв коментар за состојбата на Трепи

Дерби

18/08/2026

14:35

518

Големина на фонт

а а а

Францускиот интернационалец Жаел Трепи вчера стана топ тема во италијанските медиуми, но не поради добра причина.

Фудбалерот на Калјари доживеал несреќа додека се забавувал со пријатели на базен во вила на Сардинија, по што итно бил пренесен во болница, каде лекарите се одлучиле за индуктивна кома поради големата количина вода во неговите бели дробови.

Инцидентот предизвикал сериозен проблем за младото момче, а дека истиот не е наивен потврдува и првиот коментар на лекарите од клиниката во Сасари.

– Во моментов пациентот дише со помош на специјален респиратор. Белите дробови настрадале, рехабилитацијата е возможна, но тоа ќе биде долг и тежок процес, – информира лекарскиот тим.

Во меѓувреме, обвинителството истражува што се случило во базенот, бидејќи во јавноста се појавија две верзии поврзани со несреќата која ја доживал Трепи, за кого пријателите знаеле дека не е добар пливач.

Првата верзија е дека наеднаш навлегол во подлабоката зона и не можел да се извлече, а другата е дека му се слошило и поради нагло потонал во базенот.