[ФОТО] Руска ескорт дама разнела пребеган командат! Подметнала бомба во корпа за ѓубре, па без трошка каење го признала атентатот – на Маргарита ѝ се заканува тешка робија

Точка

17/08/2026

19:32

842

Големина на фонт

а а а

Руска ескорт-дама е обвинета за атентат врз високопозиционираниот офицер Роберт Шагеев, кој во 2014 година преминал од украинската страна во редовите на руската морнарица.

Маргарита Реут (32) била уапсена во Севастопол, на Крим, откако во експлозија минатиот четврток загинал Роберт Шагеев, офицер на руската Црноморска флота, кого Украина го бара поради велепредавство, објавува „New York Post“.

Експлозијата, која наводно била извршена по наредба од Киев, го усмртила 49-годишниот командант на самото место. Тој се симнувал по скали кога корпа за ѓубре експлодирала во негова непосредна близина.

Претходно командувал со украинскиот брод „Запорожје“, единствената подморница на Киев, за време на руската инвазија на Крим во 2014 година. Шагеев тогаш тврдел дека неговата единица ќе издржи до самиот крај, пред подоцна да го напушти бродот и да премине во руската војска.


Атентаторката ја признала вината

Реут ја признала вината и била притворена под обвинение за „тероризам што резултирал со смрт“. Руските медиуми објавија дека ладнокрвно одговорила со „не“ кога била прашана дали жали поради убиството и дека планирала да побегне од земјата по атентатот.

Покрај тоа што работела како ескорт-придружничка, Реут наводно работела и како биолог, произведувајќи вагинални производи со цветен мирис.

Родена е во Јарослав, град на околу 260 километри североисточно од Москва. Претходно живеела во Сочи, познатото црноморско одморалиште, а често го посетувала и Крим.

Не е јасно кога или на кој начин станала агент на украинската разузнавачка служба. Претходно била уапсена во јули 2025 година бидејќи во воз извикувала: „Руси, ова ви треба!“, откако се проширила веста за напад со украински дрон врз железничка станица во Ростовската област во Русија.

Руските медиуми објавуваат дека би можела да се соочи со затворска казна до 30 години доколку биде осудена за нападот, пренесува „New York Post“.


Кој бил Роберт Шагеев?

Шагеев дипломирал на Севастополскиот поморски институт „П. С. Нахимов“ во 1999 година. На 12 август 2011 година ја презел командата над подморницата на украинската морнарица У-01 „Запорожје“, со чин капетан од втор ранг.

Во јули 2013 година, Роберт Шагеев предвреме бил унапреден во капетан од прв ранг.

За време на руската анексија на Крим во 2014 година, подморницата „Запорожје“ била блокирана во Стрелецкиот Залив. Преговорите со екипажот за нивно предавање траеле долго, а Шагеев изјавил дека ќе остане со Украина до последниот момент.

Екипажот на подморницата првично се забарикадирал во пловилото и одбил да им се предаде на руските сили.

На 21 март 2014 година, морнарите, по наредба на командантот на подморницата Роберт Шагеев, го напуштиле бродот. Руски шлепер ја одвлекол „Запорожје“ до заливот Јужнаја. Таму било спуштено украинското знаме и било кренато руското, а Шагеев преминал во руската морнарица, добивајќи повеќе од 50.000 гривни финансиска помош, кои биле префрлени на неговата сметка.


По Шагеев била распишана потерница поради дезертерство.

Во 2014 година започнал со преквалификација во Санкт Петербург.

До крајот на 2015 година бил командант на една од двете подморнички дивизии со седиште во Севастопол.

На 18 март 2016 година присуствувал на свеченото пуштање во служба на подморницата „Велики Новгород“ во Санкт Петербург. Истата година, како заменик-командант на подморничка единица, ја пречекал подморницата Б-261 „Новоросијск“.

Во март 2017 година, Шагеев учествувал во вежби на противподморничките сили, командувајќи со подморницата Б-262 „Стари Оскол“.

Кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година учествувал во мисии во крајбрежната поморска зона. Од 2018 година бил заменик-командант на 4. одделна подморничка бригада на Црноморската флота.