Температурата денеска до 38 степени, утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Макфакс

17/08/2026

07:35

1.491

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде сончево со температури до 38 степени, а утре се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер поради локален развој на нестабилна облачност.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.