Пет нешта што родителите треба да ги направат кога детето ќе престане да разговара со нив

Кармин

15/08/2026

18:00

697

Големина на фонт

а а а

Комуникацијата со тинејџерите понекогаш може да стане предизвикувачка, особено кога детето почнува да се повлекува и сè помалку да разговара со родителите. Иако природната реакција е да се обидете да дознаете што се случува и да поставувате уште повеќе прашања, таквиот пристап може да има спротивен ефект.

Психологинката Џејми Блох издвои пет работи што родителите можат да ги направат кога детето ќе престане да разговара со нив.

Пет начини за повторно воспоставување комуникација

Според Блох, повлекувањето и потребата за приватност можат да бидат нормален дел од развојот во тинејџерските години. Наместо да инсистираат на сериозни разговори, таа ги советува родителите да останат достапни и да се обидат да создадат опуштени ситуации во кои детето ќе се чувствува доволно сигурно само да започне разговор.


1.Престанете со испрашувањето и бидете присутни: Блох истакнува дека заедничкото поминување време без директно поставување прашања може полесно да го поттикне детето на разговор.

2.Почитувајте ја приватноста на детето: Психологинката наведува дека потребата за приватност и промените во расположението можат да бидат нормален дел од тинејџерскиот развој.

3.Бидете достапни без притисок: Блох ги советува родителите да му дадат до знаење на детето дека се тука за разговор, но без инсистирање.

4.Искористете ги малите секојдневни моменти: Според Блох, заедничките возења, прошетки или готвењето можат да создадат поопуштени можности за разговор.

5.Реагирајте смирено: Психологинката ги советува родителите на лутината или повлекувањето да не возвраќаат со ист тон, бидејќи така детето полесно повторно ќе им се приближи.

Блох напоменува дека родителите лесно можат лично да го сфатат молчењето на тинејџерот, иако тоа честопати повеќе говори за процесот на растење и обидот на детето да открие кое е, отколку за неговиот однос со родителите.

„Инстинктот нѝ вели уште поупорно да се обидуваме да извлечеме одговори. Меѓутоа, честопати е поефикасно да го направиме токму спротивното: да останеме блиску, да останеме смирени и да дозволиме поврзаноста да се случи преку малите моменти без притисок“, заклучи Блох.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk