[ФОТО] Јелена Ѓоковиќ го маѓепса Котор со најубавиот фустан за летните вечери: Креацијата на „Dior“ од 6000 долари ја прави секоја жена модна божица

Кармин

13/08/2026

15:19

700

Големина на фонт

а а а

„Минатата ноќ, на планината, зимата пристигна во лето“, напиша Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи по гала-вечерта што ја приреди за семејството и пријателите во Котор, одбројувајќи ги деновите до премиерата на документарниот филм „The Wolf in the Winter“.

Фотографиите од незаборавната забава на едно од најубавите места на јадранскиот брег го обиколија светот, а покрај славниот тенисер и добро расположeните гости, посебно внимание привлече и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.


Долго време Црна Гора ќе зборува за ексклузивниот настан во волшебниот залив под моќните планини, на кои, како што сликовито опиша Новак Ѓоковиќ, зимата пристигна среде летото, во согласност со насловот на документарецот што премиерно ќе биде прикажан на 20 август. Друштво му правеа родителите Срѓан и Дијана, потоа Ана и Владе Дивац, Виктор Троицки и многу други, а Јелена Ѓоковиќ, како и секогаш во слични ситуации, беше во центарот на модното внимание.


Уште едно беспрекорно летно издание на сопругата на најдобриот тенисер на сите времиња, чиј лежерно-елегантен стил им се допаѓа и на највлијателните луѓе од модната индустрија. Доволно е да се спомене само Ана Винтур, која го обожава целото семејство и често ја гледаме на настаните што ги организира Новак.

И синоќешниот аутфит, со полно право, собра безброј комплименти – одлично се вклопи и во атмосферата и во целата приказна, совршено отсликувајќи ја нејзината филозофија на тивок луксуз, со која не престанува да ги инспирира припадничките на понежниот пол ширум планетата.


Таа се одлучи за цветен дезен, апсолутен летен императив и класика, а белиот фустан со прерамки во себе ги носи и сонцето, и морето, и радоста на животот, и потписот на „Dior“.

Моделот е изработен од памучен муслин, исклучително мека, лесна и прозрачна природна ткаенина, препознатлива по лабавото, мрежесто ткаење и благо набраната текстура. Идеален избор за топлите денови и ноќите покрај вода, за коктел-забави или вечерни излегувања.


Една од „членките“ на капсулната колекција „Dioriviera“ ја краси живописен цветен принт инспириран од творештвото на уметникот Кристијан Берар. Покрај нешто подлабокото деколте, акцентот е ставен и на грбот, кој префинето се отвора во форма на буквата V, додека долниот дел лесно се шири во форма на А-крој, без строго нагласување на силуетата. На веб-страницата на брендот е истакната и цената – 6000 долари.

Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но не и естетиката до која се придржува Јелена Ѓоковиќ. Оваа совршена летна комбинација од елеганција и лежерност со потписот на „Dior“ беше доволна за подобрата половина на Ноле да одржи уште една моќна модна лекција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk