[ВИДЕО] Социјалдемократскиот сојуз е бунар без дно – Петрушевски обвини за опасно ширење паника

Макфакс

13/08/2026

12:50

139

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува Социјалдемократскиот сојуз (СДС) за ширење на опасна паника и дезинформации во врска со квалитетот на водата во Скопје, со цел политички поени, додека надлежните институции ги демантираат овие тврдења.

Таман човек ќе помисли дека Социјалдемократскиот сојуз го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, изјави на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните.

СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника.

Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДС веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДС очигледно нема крај.

Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење.

За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија“, рече Петрушевски.