ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Макфакс

12/08/2026

14:40

272

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство Скопје почна истрага поради информации за сериозно загадување на природата со отпад во близина на изворите Рашче и ќе координира проверки за да открие можни кривични дела и сторители.

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.