Дел од Центар утре без вода поради поврзување на нова водоводна мрежа

Макфакс

12/08/2026

17:00

56

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водоснабдувањето на улицата Мирослав Крлежа во Општина Центар поради поврзување на нова водоводна мрежа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 13 август 2026 година (четврток), ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар.

Прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со Ф-100 милиметри на улицата „Мирослав Крлежа“ бб.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на активностите.