„АС“: Мурињо донел одлука за Ендрик, но и за уште тројца играчи од првиот тим на Реал

Дерби

11/08/2026

11:15

463

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо јасно стави до знаење дека очекува раздвиженост до крајот на летниот преоден рок од Реал Мадрид, не толку кога е во прашање ангажманот на нови играчи, колку што очекува заминувања на играчи кои не се во неговиот план.

Мурињо побара „краток состав“ и јасно нагласи дека не сака да биде ставен во ситуација во која би бирал од 26 играчи во првиот тим, а тоа значи дека Реал ќе мора да направи рез во периодот кој следи.

Реал Мадрид ја прекина соработката со Дани Каравахал, Дани Себалјос и Давид Алаба на крајот на минатата сезона, се ослободи и од Фран Гарсија која стана прекуброен на левата бековска позиција, ги продаде Гонсало Гарсија и Сесар Паласиос во Фулам, но Мурињо смета дека треба да си заминат уште најмалку тројца.

Угледниот „АС“ открива дека Мурињо донел конечна одлука за Ендрик и го информирал младиот Бразилец дека оваа сезона ќе добива шанса од него во првиот тим на Реал, но тоа не важи за тројца други играчи за кои Жозе смета дека ќе биде најдобро да си заминат.

Тоа се Асенсио кој е резерва во одбраната подолго време, Менди кој мака мачи со повреди веќе две сезони, како и Камавинга од кого се очекува да бидат заработени најмногу пари до крајот на месец август.