Колачот со праски спаѓа меѓу оние едноставни десерти за кои не е потребна голема филозофија – лесно тесто, зрело овошје и мирис што ја исполнува целата кујна. Оваа верзија носи мал пресврт во познатиот рецепт: на праските им се додадени ф'стаци, а малку лимонова кора дава свежина и убаво го истакнува нивниот вкус.
Тестото е меко и сочно благодарение на јогуртот, додека одозгора се наоѓа слој од сечкани ф'стаци, шеќер и лимонова кора, кој за време на печењето добива благо крцкава коричка. Наместо маст користeте масло, но можете да го замените и со растопен путер. Најдобро е да користите зрели праски кои не се премногу меки, за време на печењето да задржат дел од својата текстура.
За тестото:
- 2 јајца
- 120 гр. шеќер
- 80 мл. масло
- 170 гр. јогурт
- 1 лажичка екстракт од ванила
- рендана кора од 1 лимон
- 220 гр. брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 1/4 лажичка сол
- 2 средни праски
- 50 гр. сечкани ф'стаци
За посипување:
- 20 гр. шеќер
- 30 гр. сечкани ф'стаци
- рендана кора од 1/2 лимон

Чекор 1
Изматете ги јајцата и шеќерот
Матете ги јајцата и шеќерот неколку минути, додека смесата не стане светла и пенеста. Овој чекор е важен бидејќи така колачот ќе биде полесен.
Чекор 2
Додајте ги течните состојки
Во изматените јајца додајте масло или растопен путер, јогурт, ванила и рендана лимонова кора. Сè кратко промешајте за да се соединат состојките.
Чекор 3
Додајте ги брашното и прашокот за печиво
Во посебен сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Додајте ги во течната смеса и нежно вмешајте ги со шпатула. Не мешајте долго, доволно е брашното да се соедини со останатите состојки.
Чекор 4
Додајте ги праските и ф'стаците
Измијте ги праските, преполовете ги, извадете ги семките и исечете ги. Додајте ги во тестото заедно со сечканите ф'стаци и внимателно промешајте.
Чекор 5
Подгответе ја смесата за посипување
Калап со дијаметар од 20 см обложете со хартија за печење и истурете го тестото. Во мал сад измешајте ги шеќерот и ренданата лимонова кора. Со прстите малку истријте ги за да се ослободи аромата на лимонот, па додајте ги сечканите ф'стаци. Добиената смеса рамномерно распоредете ја по површината на колачот.
Чекор 6
Испечете го колачот
Печете го колачот во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45–55 минути. Оставете го целосно да се излади пред сечењето. Така тестото ќе се стабилизира, а парчињата ќе бидат поуредни.
Бонус совет:
Не сечете ги праските на премногу ситни парчиња бидејќи за време на печењето целосно ќе омекнат и ќе ја изгубат текстурата. Поголемите коцки остануваат посочни и поубаво се гледаат во пресек.