[ФОТО] „Нека ми го избрише некој ова од мозокот“: Трудничкиот стајлинг на Ен Хатавеј на мета на критики, на многумина не им се допадна она што го виделе

Точка

10/08/2026

18:22

900

Големина на фонт

а а а

Актерката Ен Хатавеј (43) вчера присуствуваше на премиерата на филмот „The End of Oak Street“ во студиото „Warner Bros“ во Калифорнија. Добитничката на Оскар, која го очекува своето трето дете, позираше во несекојдневна модна комбинација која потсетува на трудничкиот стил на пејачката Ријана.

Ен Хатавеј на црвениот тепих носеше елегантен топ што го открива трудничкиот стомак, украсен со шлеп налик на оние кај гламурозните фустани. Модната комбинација ја надополнила со фармерки со широк крој и елегантни црвени салонки.


Актерката со овој стајлинг им се придружи на групата познати трудници кои гордо го истакнуваат стомакот и си поигруваат со модата на начин кој до пред само неколку години беше речиси незамислив.

Модните комбинации за трудници одамна се оддалечија од класичната, широка облека и станаа толку разновидни, па дури и смели, што може да се сметаат за дел од своевидна модна револуција. На чело на таа промена се најде славната Ријана, која во текот на сите три бремености нижеше впечатливи модни изданија слични на она што сега го претстави Ен Хатавеј.


Таквиот начин на облекување совршено се вклопуваше во смелиот стил на Ријана, а набргу прерасна во глобален тренд што го прифатија и други познати трудници, меѓу кои Сијара и Емили Ратајковски.

Модата за трудници каква што ја популаризираше славната Ријана предизвика поделени реакции – од остри критики до големо воодушевување. Слични реакции сега го следат и новиот стајлинг на Ен Хатавеј, кој предизвика бројни коментари и комплименти.


„Ова навистина не функционира, жал ми е“, „Нека ми го избрише некој ова од мозокот“, „Фармерките се целосно погрешен избор за таков топ“, гласат негативните коментари на кои се надоврзуваат пофалби: „Ен Хатавеј воодушеви на премиерата“, „Боже, колку ја сакам“. 

Да потсетиме, Ен Хатавеј го очекува своето трето дете со сопругот Адам Шулман. Двојката е во брак од 2012 година и ги има синовите Џонатан и Џек.