[ВИДЕО] Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Макфакс

10/08/2026

15:20

171

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди северозападниот дел на Колумбија, во близина на градот Картаго. Засега нема информации за жртви, а епицентарот бил длабоко под површината.

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Колумбија денес, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на околу 34 километри северозападно од градот Картаго, кој се наоѓа помеѓу Кали и Меделин, а епицентарот бил на длабочина од 115 километри.

Сè уште не е познато дали има жртви.