Сообраќајка на булеварот Србија: Тојота излета од патот и удри во канделабра, повредени две лица

Макфакс

09/08/2026

18:33

820

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Србија“ во Скопје, две лица се повредени откако патничко возило Тојота излетало од патот и удрило во канделабра. Повредените биле пренесени во болница каде им биле констатирани повредите.

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Србија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот извештај, несреќата била пријавена вчера (8 август) околу 11:40 часот. Патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Х.М. од Скопје, излетало надвор од коловозот и удрило во метална канделабра.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.М., додека со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ѓ. (20) од Скопје. Повредените биле пренесени во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде што им биле констатирани повредите.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.