Тибо Куртоа го скрати својот летен одмор и порано од предвиденото се врати во Реал Мадрид, потег со кој уште еднаш покажа максимална професионалност и посветеност кон работата која најмногу ја сака.
Искусниот белгиски чувар на мрежата го заврши Светското првенство со повреда против Шпанија и самиот вели дека тоа било клучна причина за да се врати неколку дена порано, од едноставна причина што сакал да се увери дека нема никаков проблем да се приклучи на тренинзите.
– На крајот решив да се вратам малку порано, сакав да се уверам дека нема ништо лошо со повредата. Сакам да фатам ритам и овие неколку дена плус ќе ми дојдат добро на индивидуален план, – вели Куртоа, кој е единствениот играч на Реал кој знае што значи да се соработува со Жозе Мурињо.
– Жозе е тренер кој бара многу од играчите. Бара дисциплина, го става тимот пред секој индивидуалец и тоа се важни работи во потрага по победи. Тој е голем тренер, многу е близок со играчите, но станува збор за посебно искрена личност. Ги кажува работите директно во лице, ги кажува онакви какви што се и таа искреност посебно ми се допаѓа, сметам дека сите во тимот треба да се движиме во тој правец.
– Имав искуство со него во Челси, ја освоивме Премиер лигата и имам многу добри спомени од него. Навистина сум среќен што повторно ќе бидам дел од негов тим, – изјави Куртоа.







