Поради него тимот постигнува 74 гола, а тој воопшто не игра: Кој е Остин Мекфи, новото засилување на Челси?

Точка

10/08/2026

10:19

556

Големина на фонт

а а а

Дека фудбалот одамна стана своевидна шаховска партија, добро им е познато на оние кои оваа игра ја следат малку поинаку од обичното навивање и поддршка за својот тим.

Во таа смисла, секој детаљ и секоја нијанса на крајот од натпреварот можат да ја донесат клучната предност и она што е најважно – голови и бодови за тимот.

Тоа многу добро го знаат луѓето од Астон Вила, каде што Остин Мекфи работеше сè до ова лето, кога му се приклучи на Челси.


Додека беше член на стручниот штаб на Астон Вила, оваа екипа постигна дури 74 гола од прекини, што е тесна специјалност на Мекфи, роден во Шкотска во 1979 година.

Во Астон Вила слушнале за него додека работел во данскиот Митјиланд. Во Астон Вила помина пет сезони, по што Челси ја активираше неговата откупна клаузула и летово го доведе во лондонскиот тим за да биде дел од стручниот штаб на Чаби Алонсо.


Навивачите на Астон Вила му пееја на стадионот во знак на благодарност, а тој беше и дел од репрезентацијата на Шкотска. Сега работи и под водство на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Португалија.

Челси во пријателски натпревар го совлада Милан со 3:0. „Сините“ два од трите гола ги постигнаа, погодувате – по прекини.