Даниеле Де Роси очекува тежок старт на сезоната за Џенова по лошите резултати кои ги оствари тимот во пресезонските подготовки, но легендата на Рома има поголеми стравувања од тоа да не остане без уште некој клучен фудбалер до крајот на летниот преоден рок, отколку што е загрижен за првите два ривали во Серија А.
Џенова ќе ја отвори сезоната со дуел против Асколи во Копа Италија, потоа ќе следат натпревари против Наполи и Лацио во првите две рунди во Серија А, а дури тогаш Де Роси ќе знае со кој тим ќе располага во новата сезона.
Тренерите веќе со години бараат промена на едно правило кое посебно ги нервира и станува збор за времетраењето на летниот преоден рок во ситуација кога првенствата се почнати, па на оваа тема сега проговори и Де Роси кој до пред неколку години не ја гледаше реалната слика на проблемот како активен фудбалер.
– Крајот на преодниот рок да биде по вториот одигран натпревар во Серија А е најидиотското правило што може да го имаме во фудбалот, тоа е тотална бирократска ароганција од луѓето кои го водат фудбалот.
– Како е можно секоја година тренерите да се жалат за оваа ситуација, а сепак никој да не преземе ништо во врска со таа тема. Не зборувам само за Италија, зборувам општо за фудбалот во цела Европа. Ова е катастрофално нешто за сите кои сме дел од спортот. Тренерите се наоѓаат во глупава и погрешна ситуација и не можат да знаат со што точно располагаат иако сезоната е веќе започната, – вели Де Роси.







