Ираола детектираше непосакуван проблем во завршната фаза од подготовките: Имаме уште многу работа пред себе

Дерби

10/08/2026

11:05

163

Големина на фонт

а а а

Ливерпул доживеа непосакувано дежа ви на втор натпревар во низа во пресезоната, односно по вторпат загуби на меч на кој поведе со 2:0.

Андони Ираола може да биде задоволен од тоа како неговите играчи ги отвораат натпреварите, но никако не може да биде задоволен од играта во одбрана и големиот број примени голови.

Лидс пред неколку дена направи пресврт и славеше со 2:4, а сега по водство од 2:0, „црвените“ претрпеа пораз од Монако со резултат 2:3.

– Ни се случи нешто слично како против Лидс. Одигравме добро прво полувреме, особено воведните 30 минути, но во овој момент едноставно личи како да не можеме да понудиме повеќе.

– Монако заслужи да направи пресврт и мора да се помириме со тоа. Победивме на првите два меча во пресезоната, сега пристигнаа два порази. Во овие два последни меча, стана јасно дека не можеме да го одржиме нивото кое го сакаме во текот на еден меч. Не сме избалансирани, немаме континуитет, особено откако ќе извадиме некои играчи од теренот. Тоа значи дека имаме уште многу работа пред себе, – изјави шпанскиот стручњак кој го замени Арне Слот на клупата на Ливерпул.