Паоло Малдини беше еден од оние примери кои се издвојуваа по лојалноста која ја прикажуваат кон еден клуб, а бидејќи таквиот тренд полека изумира во модерниот фудбал, таквите наследства од минатото уште повеќе добиваат на значење.
Малдини цела своја кариера му ја посвети на Милан од првиот до последниот ден во професионалната кариера и замина во пензија како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, но тоа што тој го направи во еден клуб, неговиот син не успева ни приближно да се доближи во ниту еден.
Даниел Малдини прилично рано доби шанса во Милан, но оттогаш постојано ги менува средините и сега потпиша за седми различен клуб во Серија А.
По заемите кои ги имаше во Специја и Емполи како член на Милан, Даниел беше продаден на Монца, оттаму направи трансфер во Аталанта, а откако не се изнаигра во Бергамо, сега втора година по ред оди на нова позајмица.
24-годишниот напаѓач минатата сезона настапуваше за Лацио, а сега го избра и седмиот клуб во Серија А, а тоа ќе биде Калјари за коj ќе настапува како отстапен фудбалер од Аталанта.







