Жешкото време продолжува и во следните денови, температурите до 40°C

Макфакс

09/08/2026

18:33

748

Големина на фонт

а а а

Жешкото време продолжува и во следните денови со температури што може да достигнат до 40 степени Целзиусови. Во некои делови ќе има изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.