Пронајдени кокаин и марихуана на неколку локации во Скопје, уапсени четири лица меѓу кои и малолетнична

Макфакс

09/08/2026

10:57

2.194

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Скопје пронајде кокаин и марихуана при претреси на неколку локации, при што се уапсени четири лица, вклучувајќи и 16-годишна малолетничка. Лицата се задржани, а ќе следат соодветни пријави по целосно документирање на случаите.

Полицијата пронајде кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје, уапсени се четири лица, а меѓу нив е и 16-годишна малолетничка.

Синоќа, во 1 часот по полноќ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници го уапсија М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Вчера околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги уапсија Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка, соопшти МВР.