19-годишен кочанец е уапсен поради споделување експлицитни видеа и фотографии направени без согласност од поранешната девојка, како и навредливи пораки испратени преку социјалните мрежи.
Деветнаесетгодишен кочанец бил лишен од слобода откако неговата поранешна девојка го пријавила дека без нејзина согласност правел експлицитни фотографии и видеа, а потоа ги споделувал со трети лица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчеравечер (8 август) во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле А.М. (19) од овој град.
Неговата поранешна 18-годишна партнерка од виничко, во полиција пријавила дека во периодот од 30 јули до 7 август, преку мобилни апликации и уреди, А.М. без нејзина согласност направил експлицитни видеа и фотографии од неа. Покрај тоа, тој преку социјалните мрежи ѝ испраќал пораки со навредлива содржина, а експлицитните снимки ги направил достапни за трети лица.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против 19-годишникот ќе следува соодветен поднесок.






