Снимката што се прошири на социјалните мрежи го привлече вниманието на корисниците и прикажува необична ситуација на Јадранската магистрала, некаде во околината на Макарска.
Во прв план е жена која додека вози скутер, во рацете држи даска за сурфање.
Глетката предизвика бројни реакции кај корисниците, кои во коментарите ги споделија своите впечатоци. Дел од нив изразија загриженост за безбедноста на ваквиот начин на возење, додека други ја коментираа ситуацијата на шеговит начин.
„Ова не може да биде полудо! Па каде е полицијата?“, „Ова е неверојатно“, „Не може да се каже дека ѝ недостига даска“, беа само дел од коментарите.
Дел од корисниците укажаа и на безбедносниот аспект на настанот, особено затоа што станува збор за сообраќајница на која во текот на летната сезона има зголемен интензитет на сообраќај.
Засега не е познато кога точно е направена снимката, ниту дали полицијата реагирала или презела одредени мерки.




