Пукале кон паркирано возило во Сарај, две лица биле во автомобилот

Макфакс

07/08/2026

14:30

159

Големина на фонт

а а а

Во Сарај е испукано кон паркирано возило во кое биле две лица. И покрај пукањето, нема повредени, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Неколку куршуми биле испукани кон паркирано возило во Сарај во кое во моментот се наоѓале две лица. Во инцидентот нема повредени.

Според МВР, случајот бил пријавен денеска околу 4 часот во полицијата од Р.З. (25) од скопското село Глумово.

Тој пријавил дека додека со негов другар биле во паркирано патничко возило во Сарај, до нив застанале две лица со мотоцикл. Едното од нив испукало неколку куршуми од огнено оружје кон возилото, при што го оштетило.

Повредени лица нема, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.