[ФОТО] Пред 10 години научниците ја прогласија за жена со најсовршено тело, а еве како изгледа денес

Точка

07/08/2026

14:52

1.411

Големина на фонт

а а а

Познатата британска манекенка и радиоводителка Кели Брук уште еднаш ги привлече сите погледи покажувајќи ја својата беспрекорна линија за време на одморот во Италија.

Во бикини со леопардски дезен, 46-годишната Кели уживаше во пловење со луксузна јахта во друштво на својот сопруг Џереми Паризи и неговата братучетка Стела.


Благодарение на своите препознатливи облини, манекенката во 2005 година беше прогласена за најсексапилна жена на светот од страна на списанието „FHM“.

Тоа не е единствената титула што ја освои. Научниците во 2015 и 2016 година ја прогласија за жена со „најсовршено тело“.


Приказната произлегува од истражување на научници од Универзитетот во Тексас. Тие ги анализирале телесните пропорции (висината, тежината, односот меѓу струкот и колковите, како и цртите на лицето) што ги привлекуваат луѓето од еволутивна перспектива. Според нивните параметри, природното тело на Кели Брук било прогласено за идеален пример, без никакви естетски зафати.

Кога станува збор за нејзиниот одмор во Италија, фотографиите од крстарењето ги сподели самиот Џереми на профилот на својот бренд „House of Parisi“, објавувајќи видеоснимка на која Кели опуштено танцува на прамецот на бродот, позира зад кормилото и ужива на сонцето.


И покрај првичната колебливост, Кели на својот профил на Инстаграм откри дека успешно го совладала стравот и скокнала во кристално чистото море.

Ова патување има и посебно значење за брачниот пар. Кели и Џереми ја посетија Чивитавекија, во близина на Рим – местото каде што се венчаа пред четири години – за да ја прослават годишнината од бракот.

„Фотографирање што никој не го побара! Четири години брак, па се вративме на местото каде што си кажавме „да“. Благодарност до нашата братучетка Стела што нѐ фотографираше“, напиша Кели во емотивна објава на социјалните мрежи.

Парот е во врска веќе 11 години, а судбоносното „да“ го изговорија во 2022 година.